За време на месецот Рамазан, многу фудбалери ширум светот се соочуваат со голем предизвик, практикување пост и играње напорни натпревари во исто време, а приказната што се случи минатиот викенд во Белгија е поврзана со ова и го обиколи светот во многу позитивно смисла.
Тројцата белгиски голмани планираа и се договорија да направат замени во исто време, на три различни натпревари, сето тоа за нивните соиграчи муслимани да го прекинат постот, односно да се освежат со вода и енергија за време на натпреварите кои бараат сериозни напори.
Голманите како да се повредија во исто време, но тоа не беше случајно. Ова беше дел од планот да им се овозможи на соиграчите да го прекинат постот на теренот, објавија медиумите во Белгија.
Натпреварите Гент – Шарлроа, ОХ Левен – Мехелен и Вестерло – Генк беа прекинати околу 20. минута поради „бран повреди“ кај голманите. Сепак, никој од нив всушност не бил повреден.
Белгиските голмани Тобе Лејсен и Мартен Вандеворт и Ерве Кофи од Буркина Фасо имаа договор да лажираат повреди и да им дозволат на своите соиграчи муслимани кратка пауза бидејќи тоа не е предвидено во правилата на лигата.
Бидејќи мечот не може да се игра без голман и мора да се прекине, решија на сите да им покажат пример со позитивна приказна. Голманот на Генк Вандеворт по натпреварот откри дека ништо не било случајно.
„Го истегнав зглобот за момент“, рече Вандеворт со насмевка, а потоа објасни што всушност се случило: „О, не, секако. Тоа беше за момците кои постат за Рамазан. Така можеа брзо да се освежат“.





