(ВИДЕО) Шише со леќа од Египет стигна во Газа: „Простете ни браќа наши, ова е сè што можам да направам“

Фала му на Бога – едно од шишињата фрлени во морето од страна на Египќанец, со храна за Газа, стигнало до својата дестинација. Во видео објавено денес, млад Палестинец од Газа со насмевка го покажа шишето кое го пронашол на брегот. Во него имало малку леќа и порака:

„Простете ни, о браќа наши, ова е сè што можам да направам. Да живее Египет.“

Овој симболичен, но длабоко човечки гест доаѓа додека Газа сè повеќе тоне во глад и очај, под израелската блокада што речиси целосно го спречува пристигнувањето на хуманитарна помош. Египќанецот, чиј видео апел го обиколи светот, се молеше:
„О Боже, кој го раздели морето за Муса, достави ги овие до Газа.“

Иако количините се мали, самиот чин доби големо внимание на социјалните мрежи како симбол на солидарност и човечка поврзаност. Младиот Газанец изјави:
„Денес ќе јадеме леќа. Да живеат сите арапски народи, да живее исламскиот Уммет.“

Иницијативата на поединци, како овој Египќанец, сведочи за големината на срцето пред немоќта на институциите. Додека камионите со помош се блокирани, а воздушните дотури се недоволни, народот бара начин – па макар и преку брановите на морето.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости