Клучот е симбол на палестинското право да се вратат во своите домови на териториите од кои биле протерани за време на создавањето на Израел. Во таа пригода, околу 700.000 Палестинци биле протерани од територијата на денешната држава Израел, преку насилство и убиства. Палестинците го нарекуваат ова Накба, или катастрофа.
Многу семејства кои биле протерани од своите домови ги чуваат клучевите од своите куќи како симбол на нивната намера да се вратат во своите вековни домови.
Израел нелегално го оспорува правото на протераните да се вратат и тврди дека потомците на оние што биле протерани немаат право да се вратат во својата татковина. Тие тврдат дека тоа би го загрозило постоењето на Израел како држава и би го променило неговиот етнички состав.
Министерството за надворешни работи на Израел го обвини Абас дека сака да го избрише Израел, а како доказ за тоа обвинение ја користеа значката во форма на клуч.
„Додека Хамас го нарече масакрот од 7 октомври „поплава од Ал-Акса“, Абас сака свој потоп под маската на две држави: милиони потомци на Арапите кои го напуштија Израел во 1948 година се туркаат во Израел за да ја збришат единствената држава“, напиша израелското министерство во скандалозна објава.





