Општина Аеродром доби ново детско игралиште – донација од Државата Израел 🇲🇰 🇮🇱

Министерот за надворешни работи, д-р Тимчо Муцунски, заедно со амбасадорката на Државата Израел, Вивиен Ајзен, и градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска присуствуваше на отворањето на ново детско игралиште – донација во чест на три децении од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Израел.

Во својата објава на Фејсбук, Муцунски упати благодарност до Владата и народот на Израел за, како што наведе, континуираната поддршка и солидарност.

„Во изминатите три децении изградивме пријателски и динамични односи, засновани на заемно разбирање, почитување и поддршка, со соработка во бројни области. Овој проект е симбол на пријателство, доверба и меѓусебно почитување – место на радост и смеа за децата, но и потсетник дека вистинските мостови меѓу народите се градат преку соработка, разбирање и искрени човечки вредности,“ напиша Муцунски.

На објавата реагираше професорката д-р Билјана Ванковска, која преку својот профил на Фејсбук испрати реакција:

„Дали е можно да не ја чувствуваат циничноста и непристојноста на овој потег?!?! Да донираш детско игралиште, додека убиваш деца на секои 10-15 минути? Ги изгладнуваш, ги носиш по затвори, убиваш со снајпери … затоа што се Палестинчиња. Но, македонските деца ќе се радуваат.

Чувство на мачнина пред ова одвратно лицемерие!“

 

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости