Сандерс особено ја нагласи природата на овие режими и изрази сомнеж дека лидерите на овие земји навистина сакаат „слобода“ за граѓаните на Иран.
„Израел и Саудиска Арабија ги вовлекоа САД во напади врз Иран. Израел, под водство на Бенјамин Нетанјаху, уби повеќе од 70.000 луѓе во Газа, претежно жени и деца. Саудиска Арабија е брутален и угнетувачки систем кој не дозволува опозиција. Кој може да поверува дека тие сакаат да им донесат слобода на граѓаните на Иран?“, напиша Сандерс.
Голем дел од американското население се согласува со овој став. Според анкетите спроведени по нападот во саботата, само 27 проценти од Американците ја поддржуваат војната против Иран.
Без оглед на тоа, американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да му се придружи на Израел во нападот што трае веќе неколку дена.
Неколку стотици луѓе беа убиени во Иран, од кои значителен број беа цивили, а во операциите беа убиени и тројца американски војници.





