Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Израел.
Во рамки на посетата, Муцунски ќе се сретне со својот израелски колега, министерот за надворешни работи Гидеон Саар. На средбата ќе се разговара за билатералните односи, нивното натамошно унапредување и продлабочувањето на соработката меѓу двете земји.
Предвидено е и потпишување на неколку билатерални документи.





