(ВИДЕО) Кралот Чарлс го „боцка“ Трамп: Гледам дека ја реновирате Белата куќа, Британците исто така се обидоа со тоа во 1814 година

Кралот Чарлс го привлече вниманието на јавноста за време на неговата посета на Соединетите Американски Држави откако му упати хумористична забелешка на претседателот Доналд Трамп на приемот во Белата куќа, алудирајќи на историски настан од 19 век.

Обраќајќи му се на својот домаќин, кралот рече: „Не можам, а да не ги забележам промените на Источното крило во оваа пригода, господине претседателе. И ми е жал што морам да кажам дека ние Британците, се разбира, имавме свој мал обид за „развој на недвижнини“ во Белата куќа во 1814 година.“

Иако изјавата предизвика смеа кај присутните, станува збор за шега со долга традиција во британското кралско семејство. Имено, оваа шега првпат ја изговорил неговиот татко, принцот Филип, уште во 1969 година за време на посетата на Белата куќа, кога се пошегувал со тогашниот американски претседател Ричард Никсон.

Вицот се однесува на историски настан од времето на војната меѓу САД и Велика Британија од 1812 година, кога британските трупи под команда на генералот Роберт Рос ја запалија Белата куќа, Капитолот и други јавни згради во Вашингтон на 24 август 1814 година. Овој чин беше одмазда за претходното американско палење на градот Јорк, сега Торонто, една година претходно.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости