Новиот Клинички центар во Скопје ќе се гради на платото во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“, потврди премиерот Христијан Мицкоски.
Според него, Владата преговара со сопственикот на земјиштето за размена на парцели, а новиот комплекс ќе биде поврзан со болницата „8 Септември“ преку подземен тунел.
Во рамки на медицинскиот комплекс ќе бидат вклучени и ПЕТ-центарот и поликлиниката „Букурешт“, со што ќе се создаде модерен и заокружен здравствен центар.
Мицкоски најави дека паралелно продолжува реализацијата и на други капитални проекти во здравството, меѓу кои Клиничките болници во Штип и Тетово, како и нов Здравствен дом во Кичево.





