Трагедија вчера на една струшка плажа. Младо момче кое било пронајдено починато, се удавило во водите на Охридското Езеро.
– На 15.06.2026 година, во ОВР Струга е пријавено дека, на струшкото крајбрежје од водите Охридското езеро кај „Машка плажа”, било забележано безживотно машко тело кое веднаш, било пренесено во Општата болница во Струга. Доктор од болницата констатирал смрт без траги на насилство, а од преземените мерки, утврдено е дека се работи за С.С. (21) од струшкото село Октиси, информираа од полицијата.
Муфтиство на ИВЗ – Струга со писмо со сочуство:
Со длабока тага и искрено жалење ја примивме веста за трагичната смрт на младиот Сенит Селимоски (21) од Октиси.
Во овие тешки моменти, Муфтиството на ИВЗ – Струга, во име на Муфтијата Х. Ади еф. Муртиши, имамите и верниците, изразува најискрено сочувство до семејството Селимоски, роднините, пријателите и сите кои го познаваа и го сакаа.
Го молиме Семоќниот Аллах да му ги прости гревовите, да го награди со Џеннет, а на неговото семејство да им подари сабур, сила и утеха во овие болни моменти.
Аллах да го помилува. Амин.
Муфтиство на ИВЗ – Струга
Муфтија Х. Ади еф. Муртиши






