Трамп одобрил 30-годишен нуклеарен договор со Саудиска Арабија – WSJ

 Американскиот претседател Доналд Трамп одобрил цивилен нуклеарен договор вреден десетици милијарди долари, со кој американските компании ќе имаат водечка улога во изградбата на нуклеарната инфраструктура на Саудиска Арабија. Проектот предвидува и изградба на американска фабрика за збогатување ураниум во кралството, која ќе биде под строг американски надзор со цел да се спречи каква било воена употреба.

За разлика од администрацијата на Џо Бајден, Трамп не ја поставил нормализацијата на односите меѓу Саудиска Арабија и Израел како услов за договорот. Документот се очекува да биде потпишан оваа недела, по што ќе биде доставен до американскиот Конгрес.

Извор: The Wall Street Journal (WSJ)

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости