🗣️ Градоначалникот на Лондон, Садик Хан, изјави дека Бенјамин Нетанјаху сноси одговорност за геноцидот во Газа, нагласувајќи дека израелскиот премиер не е добредојден во британската престолнина.
⚖️ Хан вети дека, доколку Нетанјаху допатува, ќе бара од британската влада да го спроведе налогот за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС) против него.
🗽 Изјавата на Садик Хан следуваше по сличниот повик на градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, кој ги повика американските власти да го уапсат Нетанјаху за време на неговата претстојна посета на Генералното собрание на ОН.





