Се пренесува од Севбан (Тхеубан) радијаллаху анху(Бог нека е задоволен со него) дека Аллаховиот Пратеник Мухаммед Саллаллаху алејхи ве селлем(Нека е Божјиот мир и спад над него) рекол:
„Наскоро ќе дојде време кога другите народи ќе се соберат околу вас како гладни луѓе кои се собираат околу садот од кој јадат, па еден од асхабите(другарите на Мухаммед а.с.) рече: О, Аллахов Пратеник, дали ова ќе се случи затоа што ќе бидеме малкумина? „Не“ рекол Аллаховиот веровесник Мухаммед Саллаллаху алејхи ве селлем, тогаш ќе бидете многу, ќе бидете како меурите на морската пена (која пенејќи се изгледа како нешто големо а всушност нема никаква вредност освен надувани меури кои кога ќе пукнат не останува ништо од нив), Аллах ќе ја отстрани стравопочитта кон вас од срцата на вашите непријатели а во вашите срца ќе внесе ‘вехн’, што е тоа ‘вехн’ прашале асхабите, ‘вехн’ е љубов кон овој свет а страв и омраза кон смртта.“
Во последно време сме сведоци како овој хадис се исполнува, како никогаш порано, непријателите на исламскиот свет се имаат обединето во борба против исламот, па така двомилениумските непријатели евреите и христијаните пред 150 години најдоа заедчка идеологија – Ционизам. Оваа идеологија која ги обединува во заедничка борба против исламот.
Интересен е фактот што христијанскиот запад кој со векови ги убиваше, прогонуваше или насилно покрстуваше евреите, денес стана најголем слуга на евејско-ционистичката кауза, а ционистите помеѓу евреите ја турнаа под тепих историјата од 1600 години, практично од официјализирањето на христијанството како државна религија во римската империја во четвртиот век па се до формирањето на ционистичката држава израел, христијаните биле непријател број еден на евреите, никаде кај што владеел крстот евреите не можеле да живеат слободно и среќно, затоа бегале насекаде каде што нема христијанска власт, па така ги имало на арапскиот полуостров, во сасанидска Персија и во земјите каде се уште христијаните немале завладеано во Европа. Се се менува во 19-ти век кога во Америка се појавуваат разни протестантски секти/ереси со апокалиптичка идеологија чија основна идеологија била последното време, крајот на светот, ‘Армагедон’, а тоа е резултат на нивната преокупираност со последната книга во Библијата – Откровение и наводно тајните пораки и симболи кои се наоѓаат во таа книга.
Па, така почнале да се појавуваат разни толкувачи и пророци, кои го прорекувале крајот на светот, второто христово доаѓање итн, па после долго проучување, анализи и „фантазии“ на крај, повеќето од нив дошле до заклучок дека за да се оствари второто христово доаѓање, прво мора да се појави антихристот-лажниот Месија, а за да дојде антихристот ветената земја која Бог му ја ветил на Аврaам и неговите потомци мора да биде во рацете на евреите, а бидејќи во тој период границите на ветената земја била во рацете на муслиманите, во тоа време на Османлиската империја, овие христијански “пророци” решиле да направат се што е во нивна моќ ветената земја да се врати во рацете на евреите. Но, бидејќи евреите не сакале да се вратат во ветената земја бидејки ги уживале сите права во рамките на османлиската држава, христијанските ционисти(кои патем се првите ционисти, пред Теодор Херцл) решиле да го искористат налетот на национализмот во Европа кој земал се поголем замав после француската револуција, и да формираат нова националистичка идеологија кај евреите.
Така всушност се пронајдени неколку атеисти со еврејско потекло на чие чело е поставен Теодор Херцл, кој успеал да собере многу истомисленици кои ја ширеле идејата за формирање на еврејска национална држава.
Па така, во Базел Швајцарија во 1897ма година е одржан првиот ционистички конгрес каде се поставени темелите на новата еврејска држава. Меѓутоа и покрај се, оваа идеја не била многу подржана од евреите, посебно од верски настроените ортодоксни евреи, пред се поради тоа што основната идеологија на ционистите не бил јудаизмот, туку национализмот. Интересен е фактот дека првата држава која им е понудена на ционистите е дел од Египет, потоа Уганда во Африка и Аргентина во Јужна америка, а Теодор Херцл се согласил Уганда да биде новата еврејска држава, меѓутоа тоа не бил планот на христијанските апокалиптичари па ги убедиле еврејските ционисти да не го прифатат тој предлог.
Теодор Херцл умира 1903-та година а неговата мисија после него ја продолжуваат ционистите кои сега единствената земја за формирање на еврејската држава ја сметаат Палестина. Но, Палестина е во рацете на Османлиите(султанот Абдулхамид Хан) кои предходно веќе ја одбиле понудата од 150 милиони златни лири за продажба на Палестина на ционистите, христијанскиот ционизам од Америка успешно се сели во Европа, па сега многу видни личности во Европа стануваат поборници на таа идеја и се повеќе се прави притисок на османлискиот султан Абдилхамид Втори да дозволи преселба на еврејски семејства во Палестина, што Султанот дозволува, но сепак нивниот број не може да насели ни цел град а камоли цела држава.
Не гледајќи друго решение, ционистите прават неколку неуспешни атентати врз султан Абдилхамид, после тоа расте популарноста на турските националисти т.н. Младотурци кои по пример на западна Европа сакаат да создадат турска национална држава и во 1909-та година успешно со државен удар го симнуваат од власт султанот Абдилхамид и последната препрека на ционистите е отстранета, меѓутоа се уште Арапите на Блискиот Исток се лојални на Османлиската Империја па ционистите преку неправдите што младотурците ги вршеле према Арапите успеале да создадат чувство на национализам кај Арапите.
Младотурците го напуштаат Балканот после низа на предавства од самите турски офицери во првата Балканска војна 1912-та година, и сега ционистите сфатиле дека конечно е дојдено времето да се оствари нивниот сон.
Почнува правата светска војна, а султан Мехмед Шести бара сојуз со Британската империја која е веќе во војна со Германија, надевајќи се дека со тоа ќе ја спаси државата, меѓутоа на сугестија на ционистите, Британците тоа го одбиваат па Османлиите се одлучуваат за неутралност, но младотурците и објавуваат војна на Британија со тоа што се вклучуваат во сојуз со Германија. Османлиската Империја ја губи војната, арапските националисти добиваат ветување од Британците дека ќе добијат свои независни држави доколку им помогнат да ги поразат Турците, араписките националисти со сета своја наивност го прифаќаат предлогот и се борат на страна на Британците, 1917-та година британскиот Генерал Едмонд Алеби влегува во Ерусалим и победничкиот говор го започнува со зборовите: „Денес конечно се завршени крстоносните војни“, додека францускиот офицер во Дамаск оди кај гробот на Салахуддин Ејјуби го пцуе и му вика: „Еве не повторно назад, се вративме о Салахудине“.
Во 1918-та година, Аленби влегува во Истанбул и Османлиската Империја потпишува официјална капитулација а Палестина, Јордан, Сирија и Ирак се поделени помеѓу Британија и Франција, тука секако се и Либија која е окупирана од Италија, Египет го заземаат Британците а Мароко, Алжир и Тунис се под француска окупација, Царска Русија, а после октомвриската болшевичка револуција и СССР ги окупираат муслиманските држави во центарална Азија, Индонезија и Малезија се веќе одамна под холандска(Индонезија), односно Британска(Малезија) окупација, 90% од Африка е или под француска или британска или италијанска или португалска окупација, практично баш онака како што Аллаховиот веровесник Мухаммед Саллаллаху алејхи ве селлем наговестил во хадисот кој го споменавме на почетокот.
Крстоносците во коалиција со еврејските ционисти го окупираа целосно исламскиот свет. Во наредната колумна ќе зборуваме за периодот помеѓу двете светски војни, улогата на Мустафа Кемал Ататурк во бришењето на исламскиот идентитет на Турците и новата турска република како и улогата на Хитлер и нацистите во формирањето на Израел како и причината за холокаустот во кој срдечно учествуваа еврејските ционисти и во кој гледаа на пат доостварување на сонот за формирање на еврејската држава и зошто првиот државник кој го призна Израел беше претседателот на САД, Хари Труман и како постепено и систематски Палестина беше “чистена” од арапското население со цел да се создаде етнички чиста еврејска држава, процес кој што трае веќе 77 години а последната чистка ја гледавме во последните 16 месеци.
Пишува: Ф. В.
Македонија
Ставовите изразени во овој текст се на авторот и не мора да ја одразуваат уредувачката политика на Чаршија Тајмс.





