Реисул-улема на Исламската верска заедница на РСМ, Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи, заедно со амбасадорот на Република Турција во Скопје, Фатих Улусој, муфтијата на Скопје д-р Кенан еф. Исмаили, Ирсал Јакупи, мушавирот Мустафа Будур, како и муфтиите и директорите на службите при Ријасетот, директорот на Медресата „Иса Беу“ и деканот на Факултетот за исламски науки, ја посетија џамијата во Топаана во Скопје.
За време на посетата беше извршен увид во состојбата на џамијата и беа разгледани прашања поврзани со нејзиното функционирање. По извршените консултации беше донесена одлука џамијата да биде отворена за верниците за извршување на сите дневни намази, како и за терави-намазот во текот на благословениот месец Рамазан.
Одлуката е донесена со цел да се обезбедат соодветни услови за верниците за непречено извршување на верските обврски, согласно потребните организациски и функционални стандарди.
Реисул-улема Фетаи му се заблагодари на амбасадорот на Република Турција за континуираната поддршка на верските и институционалните проекти на Исламската верска заедница, нагласувајќи ја важноста на меѓуинституционалната соработка во реализацијата на проектите во корист на верниците.
Аллах(Бог) да го направи Рамазан благословен за сите верници.
Извор: Bashkësia Fetare Islame e RMV – Исламска Верска Заедница на РСМ











