Како „Карфур“ го поддржа геноцидот на Израел во Газа?

Светски познатиот малопродажен синџир „Карфур“ е во центарот на критики поради поддршката за Израел.

Повиците за бојкот на светски познатиот малопродажен синџир „Карфур“ се зголемуваат поради неговата поддршка на израелската армија за време на геноцидната војна во Појасот Газа.

Познато е дека „Карфур“ поддржал осум различни дивизии на израелската армија за време на војната.

„Карфур“ првпат започна кампања на 10 октомври 2023 година, за испраќање илјадници пакети со производи за лична нега до војниците во израелската армија.

Единиците што добија пакети помош се 162-та Јужна дивизија, 877-та дивизија на Западниот Брег и единиците на специјалните сили „Егоз“, „Магелан“ и „Окец“.

Оваа поддршка, наводно, има за цел да ги задоволи потребите на воените единици.

„Карфур“ дистрибуираше производи како што се шампон, дезодоранс, житарки за појадок, енергетски плочки и бисквити на израелските војници во Газа во време кога цивилите се бореа да пристапат до хигиенски средства и чиста вода поради израелската блокада.

Активистичките групи го обвинуваат „Карфур“ за „придонес кон теренската логистика на израелската армија“. Сликите што циркулираат на социјалните мрежи на кои се гледаат војници со кутии и производи на „Карфур“ се исто така во фокусот на критики.

„Карфур“ продолжи со поддршката за израелската армија со испраќање на уште 3.000 пакети со храна на 16 и 17 октомври 2023 година. Овие пакети беа доставени до оклопни единици, вклучувајќи ја Бригадата Голани и Дивизијата Газа.

Со текот на времето, „Карфур“ ја прошири својата поддршка за да ги вклучи израелското Министерство за одбрана и COGAT, агенцијата на израелската војска одговорна за цивилните работи на Западниот Брег и Појасот Газа.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости