По повод 100 години од раѓањето на Алија Изетбеговиќ

Претседателот Алија Изетбеговиќ ги започнал своите општествени активности како хуманитарец и активист, а подоцна како интелектуалец и истакнат мислител, завршувајќи ја својата кариера на самиот врв како политичар и претседател на Босна и Херцеговина.

Позитивниот придонес на неговата мисла и на неговите дела локално, регионално и глобално не можат да бидат негирани. Иако осудуван во монтирани процеси на еден безбожнички и латентно-четнички режим, неговите мисла, збор и дело го освојуваат светот. Влијанието кое го имал низ декадите и низ сите населени континенти се гледа и ден денес, додека неговите душмани останаа во темнините на заборавот.
Тој е чествуван секаде во светот, па еве уште еднаш во Македонија, со издавањето на оваа поштенска марка по повод 100 годишнината од неговото раѓање.

Иако ја водеше БиХ низ најтешката и најкрвавата одбрамбена војна во деведесеттите, тој беше претседател на мирот, на прошката, на помирувањето, на толеранцијата и на обединувањето.
На Бошњаците им ги врати името, јазикот и идентитетот, додека пак на сите граѓани на БиХ им ја спаси државата од уништување и окупација од агресорите.
Кој не ја познава неговата биографија и не ги прочитал неговите мисли во бројните негови дела, нема право да му суди. А кој го запознае, не може а да не се воодушеви.
Чест ми е што сум имал можност да преведам едно од неговите дела на македонски јазик, пишано како совет до исламскиот свет кој шеестеттите години на минатиот век, дежава по држава, се ослободувал од Западниот колонијализам – “Исламска Декларација”.

Многу други негови дела остануваат да се прочитаат во оригиналната форма на босански јазик.

Пишува: Јасмин Реџепи

Ставовите изразени во овој текст се на авторот и не мора да ја одразуваат уредувачката политика на Чаршија Тајмс.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости