За одлуката гласаа сите тројца членови – претседавачот Жељко Комшиќ и членовите на Претседателството на БиХ Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ.
Министерот за одбрана на БиХ, Зукан Хелез, претходно ја објави можноста војниците од БиХ да учествуваат во оваа мисија, нагласувајќи дека има неколку единици подготвени за распоредување и дека е потребно да се спроведе домашна постапка.
„Разговараме и очекуваме нашите сили да учествуваат во мировни операции во Газа. Немаме една, туку неколку единици кои се подготвени за тоа“, рече Хелез на 1 декември на прославата на Денот на вооружените сили на Босна и Херцеговина.
Мировната мисија во Газа беше предвидена со резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации усвоена на 17 ноември минатата година на предлог на Соединетите Американски Држави (САД).
Резолуцијата се базира на планот на претседателот Доналд Трамп за прекин на војната во Газа и предвидува формирање на меѓународни сили за стабилизација кои ќе го следат прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас.
Мандатот на мисијата ќе вклучува процес на демилитаризација на Газа, уништување на преостанатото оружје и воена инфраструктура и обезбедување стабилизација на областа по две години конфликт.
Според најавите, мултинационалната мисија треба да ја предводат САД, со учество на неколку европски земји кои веќе изразија подготвеност да се приклучат.





