Кога во декември минатата година Сириската Ослободителна Армија или Хеј’ету Тахрири Шам како фурија се разлета по Сирија и кога како мравки ги прегази злосторниците и џелатите од редот на алевитската војска на воениот злосторник Башар Асад, сите почнавме да се прашуваме што се случува? Како е можно така молскавично да се постигне толкав огромен воен успех кога за само дванаесет дена 70% од територијата на Сирија е ослободенa?
Светските воени аналитичари беа затекнати со оваа цезарска победа и никој од нив во тоа време не знаеше како да ја анализира тековната состојба освен, тука и таму, некои тенденциозни и злонамерни претпоставки дека зад сето ова стои еврејската разузнувачка служба која го активирала водачот на сириската револуција, а денес претседателот господин Ахмед Шера, да го исполни планот на ‘израел’!? За таквата глупост нема тука да пишуваме. Инаку, се чини дека полека ама сигурно им доаѓа крај на митовите и легендите кои ја глорифицираат моќта на ‘израелската‘ демек непобедлива шпионска организација бидејќи и тие останаа со ширум отворена уста зачудени од блескавата победа на сириските ослободители кои побрзаа доследно да го спроведат величенственото морално начело на Божјиот Пратеник кога на заробените шиитски војници им говореа: „Одете, слободни сте!“ Тоа значеше сеопшта амнестија со цел избегнување на понатамошни крвопролевања кои траеја 13 години наназад.
Тогаш себеси си го поставив прашањето: „Како тоа ќе функционира со осведочените алевитски злосторници кои живееат само за да убиваат, силуваат, ограбуваат и што уште не? Како да се дојде до еден успешен модус на комуникација со ѕверови кои не знаат што е тоа човечки хуманизам, етика, морал, доследност, почит, култура и уважување на поинаквиот? Дали Западот немо ќе ја набљудува смената на власта во Сирија или ќе побрза, како искрен и докажан подреден сојузник на ‘израел’ да внесе нов немир во оваа, за нас, братска земја? Одеднаш се сетив на парламентарните избори во Алжир 1992 година и ми текна како би можело да изгледа новото сценарио за рушење на новата влада и предизвикување на повторна граѓанска војна која би траела донедоглед или барем додека не му се овозможи на ‘израел’ да ја окупира Сирија се додека не стигне до Еуфрат т.е. до замислените граници на големата еврејска држава во очекување на доаѓањето на нивниот небесен цар – „Месијата“!
Да се вратиме во Алжир. Кога происламската политичка партија „Фронт на Спасот“ предводена од Абас Медени и Али ибн Елхаџ, убедливо победи на првите слободни демократски избори, француската разузнувачка служба во соработка со алжирските исламофоби од редот на политичките бандити побрзаа да формираат одреди на смртта чијашто задача беше упад во одредени села, џамии и цркви и ликвидација на тамошните цивили. Како по правило, секогаш ‘ненамерно’ една од жртвите ќе го преживееше масакрот за да посведочи дека егзекуторите биле брадести радикални исламисти кои во текот на масакрите упорно извикувале: „Аллаху Екбер!“
Така исламската политичка опција беше уништена дури и пред да почне да постои. После неколку години на виделина излегоа податоци и видео докази за починителите на тие ѕверства за кои сигурно беше утврдено дека доаѓаат од редот на француската разузнувачка служба маскирани во ‘радикални исламисти’. Нешто слично се случи и во Египет пред 12 години кога беше соборен легално избраниот происламски претседател Мурси кој подоцна беше убиен во еден од тамошните затвори. Израелската служба за безбедност во тоа време се фалеше како им помогнала на своите египетски колеги спасувајќи ги од можна ‘исламистичка крвава власт’.
Ете токму сега во моментов истото сценарио се повторува и во Сирија но, да се разбереме, таму состојбата е малку поинаква отколку што светските медиуми ја претставуваат, а и да не заборавиме дека пропагандата и лагата се дел од војната против слободна Сирија. Во претходните два дена сите светски медиуми, вклучувајќи ги и овие балканскиве кркани кај нас, известуваа како владините сили за безбедност извршиле невиден масакр врз алевитското население во Латакија и Тартус убивајќи 1.000 невини цивили во едно деноноќие!
Како прво, официјалната бројка на загинати со која во јавност излезе МВР на Сирија изнесува 473 од кои 200 се припадници на силите за безбедност, а беа немилосрдно застрелани од заседа во еден координиран напад на различни локации предводен од страна на израелско-иранските разузнувачки служби. Инаку, Европа го прифати официјалниот извештај на сириското МВР додека премиерот на ‘израел’ Нетанјаху дури и не се двоуми онака бесрамно јавно да изјави: „Јас не ја признавам оваа држава која наскоро треба да стане дел од ‘израел’!
Што се случи со убиените цивили? Постојат недвосмислени докази дека голем број на шиитски доброволци од Иран и Ирак во соработка со локалните криминални кланови преоблечени во униформи на силите за безбедност влегувале во одредени места и ликвидирале цивили снимајќи се и притоа изговарајќи: „Аллаху Екбер!“ Класично алжирско сценарио.
Но овој пат сметките на ционистичките џелати малку се пореметени бидејќи народот на Сирија се одликува со извонредно голема интелигенција, благост, разум и толеранција и подготвеност да се стави точка на воените страдања кои траат веќе 13 години. Делувањето на господин Ахмед Шера и неговите министри на теренот веќе даваат одлични резултати. Како пример ќе ја наведам заедницата на Друзите кои го населуваат југо-истокот од Сирија, а на кои Нетанјаху им понуди несебична воена помош и израелско државјанство доколку тргнат во војна против новата сириска влада. Друзите тоа категорично го одбија и застанаа раме до раме со новата политичка гарнитура и на тој начин ја изразија својата потполна татковинска припадност кон Сирија.
Судирите се смирија и состојбата на теренот не е ни одблиску таква како што е прикажана во западните медиуми кои, за жал, веднаш полетаа да обвинат дека новата власт е дефинитивно радикално-исламистичко движење без тронка милост! Таквата пропаганда е осудена на пропаст бидејќи во Сирија конечно завладеа мирот и сите тоа го посакуваат без оглед на верска или племенска припадност. Секако, на социјалните мрежи се вртат секакви фалсификувани извештаи со кои се цели рушење на мирот и стабилноста во Сирија, но, сите тие обиди ќе останат само мртва буква на хартијата исполнета со лаги и измислици.
Свесни сме дека еврејскиот колонијализам и желбата за освојување нема да престанат бидејќи имаат голема подршка од нивните ционистичко-евангелистички браќа од САД и пошироко но сепак, нештата се изменија и тоа на нив им е јасно. Повеќе го нема нивниот пион од династијата Асад за да им ја чува државата од ‘исламистички монструми’. Сирија чекори кон подобра иднина, бавно но сигурно. Искушенија, неволји и повторно предизвикување војна секако ќе има и во блиска иднина но сега на сцена се дојдени разумни, интелигентни и амбициозни луѓе кои искрено работат во корист на сирискиот народ без оглед на верската припадност на истиот. Иранската окупација на Сирија траеше цели 54 години и конечно падна во заборав на историјата. Еврејската окупација тргнала да освојува, но дали тоа ќе им успее допрва ќе се види бидејќи Сирија денес има извонредно силни сојузници. Сирија не е еврејски конц-логор од типот на Газа. Тоа на сите треба да им биде јасно. Сирија е држава, а не регионална област на ‘израел’.
Пишува: Х.А.
Ставовите изразени во овој текст се на авторот и не мора да ја одразуваат уредувачката политика на Чаршија Тајмс.





