(ФОТО/ВИДЕО) Преполн стадион: Пријателски натпревар меѓу Македонија и Босна – 0:0

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Сараево на стадионот Кошево пред преполни трибини и прекрасна атмосфера одигра 0:0 против домаќинот Босна, која што се подготвува за настап на претстојниот Мундијал во САД, Мексико и Канада.

Македонската фудбалска репрезентација одигра без голови (0:0) против Босна и Херцеговина во пријателски натпревар во кој селекторот Гоце Седлоски им даде шанса на дури 22 фудбалери, меѓу кои и четворица дебитанти.

Од првата минута дебитираше десниот бек Георгије Јанкулов од Вардар, додека капитенската лента ја носеше Столе Димитриевски поради отсуството на повредениот Енис Барди. Во стартниот состав беа и Муслиу, Велковски, Зајков, Ерера, Николов, Атанасов, Елмас, Растодер и Миовски.

Босанците први се заканија уште во 4. минута кога ударот на Алајбеговиќ заврши во пречката. Најголемата шанса за Македонија ја имаше Бојан Миовски во 32. минута, но по грешка на домашната одбрана не успеа да реализира, откако Радељиќ расчисти од самата гол-линија.

На полувремето Седлоски направи пет измени, а во продолжението шанса добија уште неколку фудбалери, меѓу кои и дебитантите Дин Аломеровиќ, Азер Омерагиќ и Дарко Анѓелески.

Натпреварот помина без многу возбудувања и заврши со почетните 0:0. За Македонија ова беше уште една контролна проверка и можност за тестирање на поширокиот ростер пред следните предизвици.

Ова беше шести меѓусебен дуел меѓу Македонија и Босна и Херцеговина, при што двете селекции имаат по една победа и четири ремија.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости