Израелски стратешки суицид: Како војната против Иран го отвора патот кон турската хегемонија

Додека светот хипнотизирано го гледа разменувањето оган помеѓу Тел Авив и Техеран, во сенка на балистички ракети и ПВО системи се случува тектоничка геополитичка промена, која западните и израелските стратези, во својата ароганција, целосно ја занемаруваат. Она што во медиумите се прикажува како „израелска одмазда“ или „борба за опстанок“, во ладната анализа на реалната политика всушност е спектакуларен стратешки автогол на ционистичкиот режим. Оваа војна не е пат кон израелската безбедност; тоа е катализатор за подемот на единствената вистинска сила од која Тел Авив се плаши – консолидираниот сунитски блок предводен од Турција.

Вистинската стратешка цел, онаа за која во Вашингтон и Тел Авив шепоти зад затворени врати, никогаш не беше само разурнатиот Техеран. Вистинската цел е дисциплинирање и економско кршење на она што би можело да стане единствениот вистински геополитички предизвик на западно-израелската хегемонија: обединетиот сунитски потенцијал. Сепак, парадоксот на моменталниот конфликт е во тоа што Израел, трошејќи ги своите ресурси на Иран, всушност ја отстранува главната пречка за турската доминација, создавајќи вакуум на моќ кој само Анкара може да го пополни.

Доктрина на меѓусебно исцрпување: Пат кон турската хегемонија

За да ја разбереме длабочината на израелската грешка, мора да ја погледнеме пошироката слика. Моменталната динамика на конфликтот неизбежно води кон исцрпување на три регионални сили: Иран, Израел и заливските монархии (кои трпат економски последици од нестабилноста). Иран се трошe воено и економски, губејќи ги своите „посреднички“ полуги. Израел ја губи аурата на непобедливост, економската стабилност и дипломатскиот капитал, станувајќи трајно зависен од американски донации. Саудиска Арабија и Заливот трошаат милијарди на бескорисни безбедносни гаранции од Западот.

Во таа едначина, постои само една променлива која останува нетакната, па дури и засилена – Турција.

Ако Турција остане надвор од конфликтот, не влегувајќи директно, таа, со математичка прецизност, ќе исплива како неоспорен регионален хегемон. Едното повлекува друго: слабеењето на персискиот и ционистичкиот пол автоматски значи зајакнување на турскиот. Анкара тоа совршено го разбира. Стратегијата на Турција денес мора да биде пресликана од нејзината стратегија во Сирија: трпеливо чекање. Како што во Сирија чекаа сите актери – од Асад, преку Русите и Американците, до курдските сепаратисти – да се исцрпат, за потоа да влезат и да ги обезбедат своите интереси, така и сега Турција не смее да наседне на провокации.

Израел е свесен за оваа опасност. Затоа во наредниот период ќе сведочиме за интензивни обиди на Мосад и западните разузнавачки служби да ја влечат Турција во конфликт, или да предизвикаат директен судир помеѓу Анкара и Техеран. Целта е јасна: да се спречи Турција да остане единствена „сувa“ сила во море во кое сите други се дават. Најголемата сила на Турција во моментов е нејзината воздржаност.

Иранската „Бабарога“ и неизбежниот израелско-ирански сојуз

Она што го гледаме не е само вовед во војната против Иран, туку и неумешна „подготовка на терен“ за неутрализирање на потенцијалната оска Анкара – Ријад – Доха – Исламабад. Западната цел е да се спречи турската воена моќ, капиталот од Заливот и пакистанскиот нуклеарен потенцијал да се стопат во единствен геополитички (сунитски) организам.

За да ја деконструираме оваа игра, мора да ја разбереме улогата на Иран. За стратезите во Тел Авив и Вашингтон, Иран со децении беше „корисен непријател“: шиитска теократија под санкции, етнички и верски одвоена од мнозинството муслимански свет, неспособна да го обедини умметот, но доволно опасна за да ги плаши Арапите. Додека вниманието беше насочено кон Иран, муслиманскиот свет беше поделeн.

Сепак, тука доаѓаме до најконтроверзната, но геополитички сосема логична прогноза. Зајакнувањето на турскиот сунитски блок, кое е неизбежно откако Израел и Иран ќе се измрцваат меѓусебно, ќе ги натера овие два смртни непријатели во сојуз од потреба. Во светот на реалната политика нема вечни непријатели, туку само вечни интереси. Соочени со „неоосманска“ Турција која проектира моќ од Либија до Кавказ и од Балканот до Катар, ослабениот Иран и изолиран Израел можат да станат следни сојузници. Тоа е враќање на поставките пред 1979 година, но овој пат диктирано од страв од сунитска доминација.

Трампов „рекет“ и принудна експропријација на Заливот

Во меѓувреме, додека ракетите се испукуваат, се одвива пљачка на векот. Доаѓањето на Доналд Трамп или продолжувањето на сегашната американска политика не ја менува суштината: Америка не делува како миротворец, туку како наплатувач на долгови. Трамповата доктрина „мир преку моќ“ всушност е доктрина „заштита преку рекет“.

Ескалацијата на тензиите во Персискиот залив, мистериозните експлозии на танкерите и постојаната закана од војна имаат јасна економска функција: наметнување „воен данок“ на богатството на Заливот. Оваа стратегија вештачки ја зголемува премијата на осигурување, цената на капиталот и перцепцијата на ризик за било какво работење во Доха, Ријад или Кувајт. Пораката е брутално јасна: „Вашите блескави кули и вашите ‘Визии 2030’ не вредат ништо без наша заштита.“

Години наназад се работеше на саботирање на обидите на Саудиска Арабија и другите заливски земји да ги диверзифицираат своите економии. Западот сакаше тие да останат заробени во нафтена зависност, бидејќи додека се само бензинска пумпа, тие се ранливи.

Американската стратегија добива целосен смисол кога се земе предвид сè позабележливата независност на САД од блискоисточната нафта, со оглед дека оваа држава веќе пола декада е најголем производител на нафта во светот. Енергетската независност им овозможува на Американците стратегија на изолационизам, за која многу стратези преку Атлантикот се залагаат, свесни дека глобалните конфликти токму оваа држава најмалку ќе ја оштетат. Слично како што ги чинеле најмалку двата светски војни, а нивното навремено вклучување овозможило простор за создавање нов светски поредок откако сите на евроазискиот масив се истрошиле во исцрпувачки војни.

Турција: Единствената вистинска безбедна дестинација за капитал

Сепак, во израелската едначина постои фатална грешка во стратешкиот пресмет. Капиталот можеби е стравлив, но не е глупав. Заливските монарси се пред егзистенцијален избор. Ако продолжат да веруваат во американските гаранции, ќе завршат како финансиски вазали, со испразнети фондови (Sovereign Wealth Funds) и суверенитет изнајмен на израелски безбедносни фирми. Види се на примерот со замрзнувањето на руските средства – западните банки повеќе не се „безбедна дестинација“ за капитал кој не ги следи политичките диктати на Вашингтон.

Единствената логична, геостратешки оправдана дестинација за бегство на арапскиот капитал е Турција.

Зошто Турција? Бидејќи Анкара е единствената регионална сила која поседува цврста моќ (hard power), како и одржлив политички и економски модел, способна физички и политички да го заштити тој капитал. Турската база во Катар не е само воена испостава; таа е доказ дека турската армија може да спречи преврат и да го заштити суверенитетот на една заливска држава кога Америка ќе одбие. Ова се потврди по последната блокада на Катар од соседните заливски монархии.

Спојувањето на заливскиот капитал со турската воена индустрија би создало имунолошки систем кој Западот не би можел да го пробие. Замислете сојуз во кој Саудиска Арабија и Катар обезбедуваат неограничени финансиски средства, Турција носи напредна воена индустрија, НАТО стандарди и стратешка длабочина, а Пакистан нуди нуклеарен чад. Тоа е кошмар за Тел Авив.

Со оваа војна, Израел всушност го тера арапскиот капитал во Турција. Нестабилноста во Заливот го прави Турција, и покрај нејзините инфлаторни проблеми, оаза на стабилна реална економија и индустриско производство. Турција нуди индустриска база; Заливот нуди ликвидност која е неопходна за стабилизирање на лирата. Тоа е симбиоза од која се раѓа суперсила.

Будење или нестанок: Абрахамовиот договор како јарам

Планот на Трамп и Нетанјаху за Блискиот исток треба да се чита како ултиматум на бинарен избор. Се нуди опција А: Потпуна интеграција во проширениот Абрахамов договор, што де факто значи дека Израел станува технолошки и безбедносен хегемон на регионот, додека Арапите стануваат банкомати на ционистичкиот проект. Опција Б е статусот на парја – асиметрични напади и внатрешна дестабилизација.

Посебен фокус на овој притисок е пресекување на финансиско-воената врска меѓу Турција, Катар и Кувајт. Затоа години наназад „иранската закана“ се одржуваше во живот. Таа служеше како страв кој ги тераше арапските престолнини во прегратките на Тел Авив и Вашингтон. Но сега, кога Израел го уништува тоа „страшило“, го отстранува причината за арапската послушност. Една голема илузија се распаѓа.

На историска пресвртница сме. Операцијата што ја води Израел е стратешка грешка од епски размери. Тие ја градат својата ноќна мора. Наместо „Нов Блиски исток“ под израелска чизма, тие го отвораат патот кон регион каде што веќе нема да им треба Иран за да ги турка Суниите во прегратките на Абрахамовиот договор, бидејќи Суниите ќе бидат натерани едни кон други.

Дали оваа прилика ќе биде соодветно искористена, сега зависи исклучиво од самите Суни. Ако Анкара остане трпелива, а Ријад и Доха сфатат дека единствениот вистински штит им е на Босфорот, а не на Потомак, ќе сведочиме за крај на една и почеток на друга ера. Израел во овој момент, заслепен од тактички успеси, не гледа дека стратешки ја губи војната. Единствен излез од сè неповолниот регионален амбиент е провоцирање конфликт меѓу Иран и Турција.

Автор: Јахја Мухасиловиќ

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости