Многу години порано, во Египет, големиот војсководец Мухаммед Карим го предводел отпорот против сеопфатната акција на Наполеоновата француска војска.
Кога бил заробен, судот пресудил да биде погубен.
Но, Наполеон го повикал и му рекол:
„Жал ми е да убијам човек кој храбро ја бранел својата земја. Не сакам историјата да ме запамети како убиец на херој. Ќе ти простам ако платиш 10.000 златници како надомест за загубите на мојата војска.“
Мухаммед Карим се насмеал и рекол:
– Немам толку пари, но трговците ми должат повеќе од 100.000 златници.
Наполеон тогаш го пуштил и Мухаммед Карим отишол на пазарот, окован и опкружен со војници кои го чувале, надевајќи се дека оние за кои се жртвувал ќе му помогнат.
Но, ниту еден трговец не му дал пари. Напротив, го обвиниле дека тој е причината за уништувањето на Александрија и за нивната криза.
Се вратил кај Наполеон, духовно скршен.
Тогаш Наполеон му рекол:
– Нема да те убијам затоа што се бореше против нас, туку затоа што го жртвуваше својот живот за кукавички народ, кој повеќе ги сака парите отколку слободата.
Мухаммед Рашид Рида го сумирал ова вака:
„Оној кој се залага за неук народ е како оној што го пали своето тело за да му го осветли патот на слепецот.“





