(ВИДЕО) Ердоган: Со помош на Аллах, Истанбул ќе остане турски и исламски до Судниот ден

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се обрати до нацијата по состанокот на кабинетот во Претседателската палата, а неговиот говор беше обележан со силна и емотивна порака за идентитетот на Истанбул по повод 573-годишнината од освојувањето на овој град.

Зборувајќи за историското значење на падот на Цариград, Ердоган истакна дека тоа не е само воено преземање на градот, туку „освојување на душите и срцата“ кое, под водство на султанот Фатих, го претвори разурнатиот град во величествена турско-исламска метропола.

Тој особено се осврна на враќањето на статусот на џамијата „Аја Софија“, нагласувајќи дека по 86 години тага, „синџирите од нејзините врати се скршени“. Сепак, најсуровата порака беше упатена до оние кои се обидуваат да го оспорат турскиот и исламскиот карактер на градот.

„Оние кои ги обезличуваат ѕидините на Истанбул со натписите „угнетувањето започна во 1453 година“ се остатоци од Византија. Сè уште им е тешко да го прифатат ова, но Истанбул е турски, тој е муслимански и, со помош на Алах, ќе остане турски и муслимански до Судниот ден“, рече Ердоган, јасно алудирајќи на пораките испратени од Грција.

Турскиот лидер додаде дека овој град никогаш нема да биде оставен на „неспособни кои не ја познаваат историјата“ и дека ќе продолжи имплементацијата на гигантски проекти достојни за Истанбул.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости