Правото на отпор не е тероризам: Палестина 77 години под окупација

На денешен ден пред 2 години Хамас изврши воена операција врз Израел, вон границите на Газа, при што беа убиени 1139 Израелци и беа земени околу 200 заложници.

Во израелскиот одмазнички напад врз цивилите во Газа до сега загинаа најмалку 67.160 Палестинци, а ранети се 169 679. Додатно илјадници Палестинци се закопани под урнатините.
Ова крваво сценарио го предвидов во мојот текст од 8-ми октомври 2023 година и предупредив на бланко поддршката кон Израел за “самоодбрана”. Ова не е самоодбрана, ова е најдокументираниот геноцид во историјата на човештвото!

Факт: ова најсурово крвопролевање каде што Израел до сега уби 60 Палестинци за 1 Израелец, комисијата за истражување воени злосторства при Обединетите Нации го квалификуваше како ГЕНОЦИД!

Во Газа останаа уште 48 израелски заложници, од кои 20 треба да се живи, додека пак 10 400 Палестинци се киднапирани во израелските притвори и затвори, од кои 440 се деца.

Овој напад на Хамас е резултат на 77 годишната окупација на Палестина, етничко чистење, масакри, прогон на население, апартхејд, блокада врз Газа од 2007 година и никаква одговорност за сево ова пред меѓународните институции за правда.

Што значи, отпорот врз окупацијата не започна пред две години, туку во континуитет трае 77 години.
Секоја нација има право на определување и секој окупиран и угнетен народ има право на отпор. Така и палестинскиот народ во случајов има право на мир, слобода, меѓународно признаена држава и достоинствен живот.

Не може еден народ да ги слави деновите на востанијата како стремеж за слобода и за независна држава, а воедно да го негира правото на друг народ за востание и борба против окупацијата, безусловно поддржувајќи го крволочниот окупатор на домашната и на меѓународната политичка сцена. Тоа е обезвреднување на сите идеолози и на сите човечки жртви дадени за слободата и независноста на Македонија. Дволичноста не треба да е одраз на нашата држава.

Единствен излез од оваа крвава неправда е:
– Признавање на Палестина како држава во границите од 1967 година;
– Раселување на илегалните доселеници;
– Враќање на палестинските бегалци;
– Судење на воените и политички злосторници за геноцидот во Газа и другите места;
– Плаќање отштета од Израел за геноцидот, окупацијата и уништувањето на палестинските живеалишта и културно-историски добра.
– Демилитаризација на двете држави и меѓународно присуство за гарантирање на безбедноста.
Секако дека ова нема да го најдете во трамповиот план и како таков е осуден на пропаст на самиот почеток, што ќе резултира со повторување на злоделата од страна на Израел.

Пишува: Јасмин Реџепи

Ставовите изразени во овој текст се на авторот и не мора да ја одразуваат уредувачката политика на Чаршија Тајмс.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости